Чурлиновски и Салиху: Боксерите беа подготвени, но беа оштетени, да се подготвиме за ЕП 2018-та!

Стивнаа работите по одржувањето на 47.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје, на кој нашите боксери не забележаа победа, а во поедини мечеви беа и оштетени, а и боксираа до крај.

Како најодговорен за сениорската репрезентација селекторот, Петре Чурлиновски, излезе со свои видувања за настапот на Златниот гонг и за она што следи.

„Ова беа најорганизираните подготовки и прва прилика да се одбере селекција од распложливиот кадар кој го има Боксерската федерација на Македонија (БФМ) по неколкугодишен застој. На располагање беа боксери кои имаа искуство според можносите на нивните клубови да с еучествува на еднодндевни турнири. Сепак, шест кандидати, за кои сметав дека достојно ќе го презентираат македонскиот бокс на Злтниот гонг ги земавме на подготовки. Првиот тест го имаа турнирот „Адем Јашари“ во Приштина, каде што имаа успешен настап. Така се видоа резултатите од подготовките“, посочува Чурлиновски.

Тој истакнува дека Златниот гонг бил еден од поглемите предизвици за овие млади и неискусни боксери. Според на она што го покажаа на рингот, истакнува селекторот, беа рамноправни со ривалите и дадоа се од себе.

„Нашите репрезентативци за нијасна се разликуваа од далеку поквалитетните боксери од земјите кои доминираат на Балканот. Имамвме прилика тоа да го видиме во полуфиналните борби каде што тројца боксери загубија со одлука на судиите од 2-1, а тоа се: Лулзим Исмаили, Алим Наусфи и Денес Муаремовски. По мое видување, беа оштетни. Тука сакам да го истакнам и Јасин Лама, кој во првата рунда се најде во нокдаун, по броењето борбата ја водеше до крај. Сето ова докажува дека боксерите биле добро подготвени за да се спротивстават на силните противници. И во финалето Алмир Нуришов беше блиску до победата, а загуби со 2-1. Артан Алиу кој загуби со прекин во правта рунда, воедно и дебитираше во репрезентацијата, беше со мало искуство. Во целина, од она што го покажаа боксертите веќе имаме увид на кои треба да сметам за учество на силни меѓународни турнири. Додека останатите ќе треба да се надградуваат на помали турнири, каде ќе го збогатуваат искуството“, нагласува Чурлиновски кој наведува дека нашата репрезентација беше хендикипирана со неучеството на Гоце Јанески на Златниот гонг поради повредата на раката.

„На Јанески сметаме и чекаме да ја санира повредата, за веднаш да го вклучиме во тгренажниот процес на репрезентацијата, како еден од кандидатите за Европското првенство до 22 години“, потенцираше Чурлиновски.

Следен предизвик за нашите боксери е силниот Меѓународен турнир „Златна ракавица“ на 22 ноември во Белград, на кој ќе настапат Алмир Нуришов 56 кг, Елмир Ибраими 64 кг, Лулзим Исмаили 69 и Денис Муаремовски 60 кг.

„Сметам дека со овие боксери треба да одам до крај, однонсо да ги продолжиме активностите до Европското првенство до 22 во март идната година“, посочува селекторот на репрезентацијата.

Покрај селекторот на репрезентацијата, цело време на подготовките беше и тренерот на селекцијата Фатон Салиху кој беше дел и од стручниот штаб на Златниот гонг.

„Физички беа добро подготвени. Дадоа се од себе, само и фали искуство. Сепак, ова е добро, бидејќи по симнувањето на блокадата на БФМ почнаа настапите на домашен план и на меѓународни турнири. Од друга страна, се забележува дека клубовите немаат кадар, мислам на сениори за репрезентацијата. Нашите боксери имаа успешен настап на „Адем Јашари“ каде што освоија едно прво и едно второ место и најдобар техничар. За жал, на Златниот гонг жрепката сакаше нашите боксери да ги одмерат силите со многу јаки противници, боксери кои настапувале и на европски и на светски првенства. Сепак, прикажаа добар бокс, а во полуфиналето беа и оштетни од судиите. Исмаили и Муаремовски изгубија со резултат 2-1, а требаше да победат“, вели Салиху, истакнувајќи дека судиите имале различен аршин.

Тој потенцира дека голем хендикеп за репрезентацијата беше отсуството на Гоце Јанески поради повредата на раката.

„Да боксираше Гоце ќе имавме подобар упех“, тврди тренерот на репрезентацијата и додава: „Сега јас и селекторот имаме слика за можностите на репрезентативците и за тоа на кои турнири да ги носиме за да се стекнуваат со искуство. Сите не треба да одат на слини турнири, туку некои од нив да настапуваат на послаби, за да соберат иксуство. Со другите ќе работиме многу повеќе во 2018 година за да настапат на ЕП до 22 години“.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON