Човекот од аголот на Фјури за реваншот со Усика: Тајсон да боксира повеќе наместо да скока

По првиот пораз во кариерата Тајсон Фјури се врати во салата и почна да тренира за да биде подготвен за подготвителниот камп во пресрет на реваншот против Александар Усик.

Поранешниот шампион на ВБЦ пред еден месец во Ријад загуби со поделена одлука од Украинецот во мечот за обединување на титулата во тешка категорија.

Двајцата актуелни тешкаши веднаш договорија реванш закажан за 21 декември, исто така во Саудиска Арабија.

Човекот од аголот на Фјури, Хорхе Капетиљо, вели дека Џипси Кинг повторно почнал да тренира и да се подготвува за реваншот против Усик.

„Тајсон е добро, повторно е во сала и подготвен да се врати на тронот. Тој е силен и знам дека ќе го направи тоа. Во боксот постигна се, а на сите им покажа дека може да ги надмине психичките проблеми и повторно да стане шампион“, нагласи Хорхе Капетиљо и додаде:

„Мора добро да се подготви за реваншот, треба повеќе да боксира и да го држи гадот висок и стегнат. Тој е поголем од Усик и треба да се врати наназад. Наместо да скока, треба повеќе да боксира. И во неговиот агол треба да се договориме кој е газда“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON