Чисора жестоко со подготвува за Усик

Дејвид Хеј, поранешен светски шампион и сегашниот менаџер на боксерот во тешка категорија Дерек Чисора, нуди награда од 1.000 фунти за секој што ќе успее да го нокаутира неговиот боксер за време на спаринг меч.

Чисора (36) треба да се бори против поранешниот шампион Александар Усик на 31 октомври.

Чисора призна дека му е тешко да најде спаринг партнери кои имаат сличен стил со оној на Усик.

„Јас сум во добра форма. Но, спарингот е тежок, бидејќи нема никој со неговиот стил на борба. Не знаете што да очекувате од него кога е во рингот. Но, мислам дека не му е лесно да се бори со Дерек Чисора.

Јас не жонглирам или не се лигавам како него – тоа е за лигловци. Сакам да пукам, да ловам и да убивам“, рече Чисора.

https://www.instagram.com/p/CF7k4XxhRoy/?utm_source=ig_embed

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON