Чисора лесно до победата против Сенад Гаши

Дерек Чисора брзо се опорави по поразот од Дилиен Вајт во ноември и забележа победа на поени над Сенад Гаши.

Нивниот меч се одржа во арената „О2“ во Лондон, а 35-годишниот Британец демонстрира поголема агресивност и желба, а тоа беше констатирано и од судиите кои му доделија победа на поени со 100-90, 100-91 и 99-91.

Чисора ​​беше фаворит и пред мечот. Тоа е неговата 30-та јубилејна победа во професионалната кариера (30 победи, 21 нокаут и 9 загуби). 28-годишниот Косовар Гаши, пак, си го допушти третиот пораз во професионалниот ринг (17 победи, 7 со нокаут и 3 порази). Непријатниот факт за него е тоа што ова е втор последователен пораз откако беше нокутиран во ноември од Карлос Такам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО