Чингиз Алазов го нокаутира Супербон и ја освои титулата на ОНЕ во кик бокс

Белорускиот кикбоксер Чингиз Алазов е новиот шампион на ОНЕ во перолесна категорија. Алазов го победи Супербон Синга Мавин со нокаут во втората рунда на настанот ОНЕ Фајт најт 6 во Бангкок.

Тајланѓанецот бараше втора одбрана на титулата освоена во октомври 2021 година, а појасот еднаш го одбрани кога минатиот март го победи Марат Григоријано.

По истекот на минута во втората рунда, Белорусинот со одличен десен удар го нокаутира Супербон.

Во конасловната борба Суперлек Киатму9 со едногласна одлука на судиите го совлада Даниел Пуертас и стана привремен шампион во кик бокс во мува категорија.

Мајки Мусумеци ја одбрани титулата во сабмишн граплинг откако го победи Бајандурен Гантумуро со едногласна одлука.

Резултати од настанот ОНЕ Фајт најт 6:
Кик бокс, Чингиз Алазов – Супербон Синга Мавин – КО (удари), Р2 (1:03)
Кик бокс, Суперлек Китаму9 – Даниел Пуертас – едногласна одлука
Сабмишн граплинг, Мајки Мусумеци – Бајандурен – едногласна одлука
ММА, Аунг Ла Нсанг – Жилберто Галвао – ТКО (удари), Р1 (1:29)
Кик бокс, Родтанг Џитмуангнон – Џидуо Јибу – едногласна одлука
Кик бокс Стемп Фаертекс – Ана Јаронсак – поделена одлука
ММА, Гари Тонон – Џони Нуњез – завршница (кимура), Р1 (1:53)
ММА, Шоко Сато – Ким Јае Вунг – едногласна одлука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON