Чимаев се закани дека ќе го пензионира Усман

Хамзат Чимаев и Камару Усман почнаа да го поттикнуваат можното ривалство меѓу нив, откако „Нигерискиот кошмар“ рече дека патот до титулата го гледа преку Швеѓанецот. Тој побрза да му одговори со закана за пензија.

„Некој треба да се испрати во пензија“, напиша Чимаев на Твитер, откако претходно реагираше со емотикон за молчење под објавата на ЕПСН со зборовите на Усман.

Хамзат од денеска се подготвува за борба со Пауло Коста во наредните месеци, додека Камару Усман се уште се опоравува од поразот од Леон Едвардс во Лондон во март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON