Чимаев се чуди каде да ги победи: Сега зборуваат за Австралија…

Познатиот шведски УФЦ борец со чеченско потекло Хамзат Чимаев изјави дека неговата следна борба би можела да се одржи во Австралија.

„Сакам да се борам, но сè уште не знам каде ќе се случи тоа. Прво ми кажаа за Лондон, потоа за Лас Вегас, за Бразил. Во моментов се зборува за Австралија. Не знам точно која земја ќе биде следната“, рече Чимаев на својот канал на Јутјуб.

Во последната борба Чимаев се сретна со репрезентативецот на САД, Кевин Холанд и победи со гушење во првата рунда.

Првично, Скандинавецот требаше да влезе во октагонот со Нејт Дијаз, но главната карта на турнирот беше променета поради тоа што Хамзат не можеше да ја исполни границата во полусредна категорија (77,1 кг).

Вкупно, Чимаев забележа 12 борби во ММА, од кои во секоја победи. Следниот противник на Хамзат се уште не е познат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО