Чимаев по победата: Оставете не да живееме на овој свет и да бидеме среќни!

Чеченскиот борец Хамзат Чимаев ја продолжи победничката серија во кафезот и тоа синоќешната победа над Нигериецот Камару Усман со судиска одлука на УФЦ 294 во Абу Даби – двајца судии бодуваа во негова корист (29-27), а еден го прогласи мечот за нерешен (28).

Тој со оваа победа го подобри својот рекорд на 13-0 и го доби правото да се бори за шампионскиот појас во средна категорија, кој од минатиот месец го држи Шон Стрикленд откако со едногласна одлука во Австралија го совлада Израел Адесања. По победата, Чеченецот испрати порака за мир, а некои неговиот говор го оценија како „најдоброто интервју во октагонот во историјата“. Воден од конфликтите меѓу Палестина и Израел, Чимаев повика на единство и глобална среќа.

„Знаете што се случува во светот во моментов. Не бев среќен во кафезот, што морав да се борам оваа недела додека гледам како умираат деца. Не е важно каде во светот – Украина, Сирија, Авганистан, Палестина, САД… Кога и да умираат деца, тешко е, сакам деца, дома ме чека тримесечно момче. Кога некој ќе загине, не знам што да кажам. Се надевам дека доброто ќе завладее во светот. Муслимани, христијани, Евреи, не е важно кои сте. Ве молам луѓе, држете се заедно. Оставете не да живееме на овој свет и да бидеме среќни“, изјави Чимаев.

Усман е поранешен шампион во полусредна категорија, кој имаше скор од 20-1 до 2022 година, а потоа го загуби појасот од Леон Едвардс и не успеа да го врати ниту во реванш-дуелот. Синоќешната борба во Абу Даби беше негово деби во средна категорија, но и во таа не успеа да ја прекине црната серија и го претрпе третиот пораз во низа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON