Чимаев не може да си најде противник: Ми одговараат на Интернет, но не и на УФЦ

Хамзат Чимаев забележа уште еден атрактивен настап во УФЦ 267, каде за околу три минути го совлада Ли Џинглијанг. Џинглијанг не успеа да му нанесе ниту еден удар на Чеченецот.

Еден месец подоцна, се уште нема вести за тоа кој е официјално следниот противник на Чеченецот. Се очекуваше тоа да биде Жилберт Барнс, но се уште ништо официјално.

„Тропам на вратата на сите, ги предизвикувам сите да се скараат со мене, но никој не одговара. Не знам зошто. Ми одговараат на Интернет, но не одговараат на УФЦ. Не се плашат на Интернет, таму се храбри“.

Чимаев моментално бара топ противник кој ќе го исфрли повисоко на ранг листата, а неговата крајна цел е да стане троен шампион.

„Сакам да бидам најдобар во светот, без разлика на категоријата. Сакам да се борам против сите, да не кажам дека сум добар само во една категорија. Можам да се борам во средина и по можност во полутешка категорија. Ќе видиме. Висок сум. Стоев до Блахович и Тешеира и тие се на иста висина како мене. Можам да кренам малку тежина и да се борам во полутешка категорија. Не се здебелувам, само станувам посилен. Нема да имам проблеми со горенаведените категории“, рече Чимаев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON