Чимаев не гледал ниту една борба на Едвардс: Тука нема ништо посебно

Судирот меѓу Хамзат Чимаев и Леон Едвардс е закажан за 13 март и ќе го предводи настанот Фајт најт 187.

Чимаев се опорави од Ковид-19, поради што ја откажа борбата што требаше да се одржи во декември. Напорно тренира и се подготвува за мечот против Британцот.

„Повторно сум сто проценти. Тренирам напорно секој ден, силата и кондицијата се најважни во моментов. Досега не вежбав за борба од пет круга. Сега тренирам подолго поради тоа“, рече Камзат Чимаев.

Откри дека сè уште не го простудирал Едвардс, не ги погледнал неговите борби.

„Сè уште не сум ги гледал неговите борби. Досега видов само неколку фрагменти од мечот каде што Усман го претепа, малку на Јутјуб. Начинот на кој го победи Усман, јас ќе го срушам. Едвардс нема ништо посебно, а нема ниту моќ за нокаут. Ќе доминирам против него и против Усман. И тоа наскоро“, рече Хамзат Чимаев и додаде:

„Сакам да го скршам, уништам, да му ја тргнам главата од рамото. Ги собирам сите глави, а во моментов имам девет. Десеттата доаѓа наскоро. Постојано ги собирам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON