Чимаев: Јас сум Тајсон и Мухамед Али во ММА

Ѕвездата во подем на УФЦ, Хамзат Чимаев е подготвен да се врати во кафезот. Борз веќе се опорави од Ковид-19 и едвај чека да им покаже на сите дека е најдоброто во светот. 26-годишниот Чеченец започна силно во УФЦ и забележа три победи за 66 дена.

Хамзат има скор од 9-0 во ММА и ги заврши сите свои ривали. Во 6 од неговите битки ги нокаутира противниците, а во три од нив ги заврши. Чимаев заработи бонуси во неговите први три борби и собори рекорд откако победи во две борби во 2 различни категории за 10 дена.

Многу луѓе веруваат дека тој е следната голема ѕвезда, а Даниел Кормиер предвидува дека до крајот на 2021 година Чимаев ќе биде двоен шампион. Во следните месеци ќе го видиме Чимаев во кафезот и тој се закани дека ќе ги здроби сите.

„Направив само три борби во УФЦ. Не покажав кој сум. Луѓето сè уште велат дека сум победил некои слаби борци. Ова ме лути и сакам да им покажам на тие будали кој сум навистина.

Ќе ги скршам сите, ќе си го земам појасот и ќе им покажам кој е најдобар на светот. Јас сум Мајк Тајсон од ММА. Јас сум Мухамед Али во ММА. Ќе им покажам на сите. Изненадување, изненадување, замаглувањето се врати“, напиша Чимаев.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON