Чимаев и братучедот на Хабиб го испеглаа недоразбирањето по метежот на крајот на настанот УФЦ 280 (ВИДЕО)

Минатиот викенд се одржа настанот УФЦ 280 во Абу Даби, на чиј предводник  беше борбата меѓу Ислам Махачев и Чарлс Оливеира за шампионскиот појас во лесна категорија.

Дагестанскиот борец со завршница во втората рунда го совлада Бразилецот и стигна до тронот.

И додека Ислам го држеше победничкиот говор во непосредна близина на арената, дојде до метеж меѓу двајца борци на најголемата светска ММА организација, Хамзат Чимаев и братучедот на Хабиб, Абубакар Нурмагомедов.

Имено, двајцата разговараа, а потоа во еден момент шведско-чеченскиот борец го оттурна Абубакар.

Почнаа со туркање, но меѓу нив влетаа безбедносните сили и ги разделија конфликтните страни.

Се чини дека недоразбирањето брзо се испегла, бидејќи Абубакар на Инстаграм објави видео во кое Хабиб со помирувачки тон објаснува како се е испеглано, а недоразбирањето е решено.

Абубакар во описот на видеото напиша:

„Се случи мало недоразбирање меѓу мене и Хамзат. После тоа се сретнавме со него во нашиот братски круг. Хамзат е мој брат по вера и секогаш му посакувам здравје и успех“.

Но, најзаслужен за помирувањето на Хамзат и Абубакар беше чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој сподели заедничка фотографија на своите социјални мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON