Хамзат Чимаев испрати страшна порака до Жилберт Барнс. Во последно време се зборува дека ќе има борба меѓу нив во наредните месеци. Брнс и Хамзат неодамна усно се договорија да се пресметаат во април, но УФЦ се уште молчи.
Сепак, Борз е категоричен дека го сака Бразилецот, бидејќи победа над него ќе го вивне во првите 3 во полусредна категорија. Целта на Чимаев е оваа година да се бори за титулата. Тој веќе има 4 победи во УФЦ, заработувајќи 4 бонуси од 50.000 долари.
Чимаев моментално е во Тајланд, каде што тренира за борбата.
„Скрши некого, заработи пари и биди среќен. Жилберт Брнс, подготви се да умреш, момче“, му Чимаев на Барнс.