Вчера имаше средба меѓу претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Ванчо Чифлиганец и Љубиша Пешко, тренерот на БК Вардар, за пеглање на ставовите и случувањата во Федерацијата. Не знаеме дали со ова се разреши целата ситуација по инцидентот во Радовиш со лица од БК Лирија.
„Вчера бев во работна посета кај претседателот Чифлиганец, каде што дискутиравме за негативните појави во македонското борење и како да се совладаат бариерите и препреките за воспоставување на стратегија на континуирана и систематска работа, но и да се прекине со стихијните и импровизирани активности“, вели Пешко .
Вардаровиот тренер истакнува дека работната посета се одвивала во позитивна атмосфера и со ентузијазам и надеж да се подобри состојбата во македонското борење. Притоа размениле и пригодни подароци (автобиографијата на д-р Ванчо Чифлиганец и „55 години од македонското борење“.
Ipon.mk/В.Д.