Кличко е воздржан во реакцијата за одлагањето на реваншот

Klicko Fjuri vo sivi trenerki

Владимир Кличко e воздржан во реакцијата на веста за одложувањето на реваншот со британскиот боксер Тајсон Фјури.

Според него, ништо посебно не се случило, а неизбежното за Фјури преостанува да се случи, но неколку недели подоцна од очекуваното. Потсетуваме дека Фјури се пожали на повреда на ногата, што предизвика одложување на одбраната на титулите.

„Се разбира дека има мало разочарување. Жал ми е за се што случи и се извинувам на моите фанови кои го очекуваа натпреварот со интерес. Побрзав да ги уверам дека ќе си ги вратам појасите, но мора да почекаат дополнителни неколку недели“, изјави Владимир.

Fjuri so povrdenata noga

https://youtu.be/gjwckDuZ3ds

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО