Четворица руски џудисти дале позитивни допинг примерок на мелдониум, соопшти агенцијата „Вес спорт“.
Тоа се Наталија Кондратиева (- 48 кг), Екатерина Валкова (- 63 кг), Михаил Пулјаев (- 66 кг) и Денис Јарцев (- 73 кг).
Тројца од нив (Валкова, Пулјаев и Јарцев) се најдобри во Русија во своите категории и практично и е загарантирано учеството на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро ова лето.
Четиримината џудисти негираат дека користеле милдронат (препарат кој содржи мелдониум) во периодот кога веќе бил забранет.