Четворица спортисти одликувани со Oрденот „8 Семтември“ (ФОТО)

Оливера Наковска-Бикова, Шабан Трстена, Бранимир Јовановски и Дејан Георгиевски се добитници на орден „8 Септември“, кој го доделува претседателот на Македонија, по повод Денот на независноста.

На свеченост во претседателската вила на Водно, одликувани беа сите четворица, поради своите заслуги за македонскиот спорт, на највисоката, олимписка сцена. Шабан Трстена е освојувач на златен медал од Лос Анџелес во 1984 и сребро од Сеул, четири години подоцна, во борење, слободен стил. Бранимир Јовановски и Оливера Наковска-Бикова се параолимписки шампиони во стрелаштво, а Дејан Георгиевски со бронзениот медал во Токио, минатото лето, го оствари најголемиот успех на Олимписките игри во самостојна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON