Четворица борци на ПФЛ паднаа на допинг тестовите

Четворица ММА борци кои се натпреваруваат во американската промоција на ПФЛ се позитивни на допинг тестот.

Ова го јавува американскиот медиум ММАФајтинг. Поранешните борци на УФЦ, Тијаго Сантос и Кристоф Јотко се двајца од допингуваните натпреварувачи на ПФЛ. Бруно Капелоца и Ризван Куниев се другите двајца со позитивни примероци.

Сè уште не е познато какви супстанции се пронајдени во нивните примероци. Од ПФЛ не соопштуваат какви мерки ќе преземат против споменатите четворица борци. Тие нема да учествуваат на турнирите на ПФЛ во сезоната 2023 година.

Ризван Куниев има 16 професионални ММА борби, во кои победи на 13. Тијаго Сантос има 36 борби и во нив претрпе 12 порази. Бруно Капелоца има 15 победи и 6 порази во ММА, а Јотко 24 победи и 7 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО