Четирите медали на Првенството на Океанија сестрите Маријана и Мишела му ги посветуваат на починатиот Златко Богески – Ѕвер (ФОТО)

Сестрите близначки Мишела и Маријана Димоски освоија четири медали за репрезентацијата на Австралија на Првенството на Океанија што се одржа во Оукленд, Нов Зеланд. Тие освоија бронзи во сениорка конкуренција во кати и злато за Маријана и сребро за Мишела во сестринското финале во У-21, исто така во кати.

„Во сениори, првиот ден, Мишела и Маријана се трети. За финале Маријана загуби од Монг од Нов Зеланд со 3-2, а Мишела од Анакан од Нов Зеланд со истиот резултат. Анакан до скоро беше во првите 20 на ранг листата на ВКФ. Барем една заслужуваше финале..но страшно лошо судење првиот ден. Просекот на мечевите беше 3-2, односно на 8 од 10 меча. Нормално е еден-два меча од 10 да бидат 3-2, но не 8. Очигледна беше наклонетоста на судиите кон репрезентативците на домаќинот Нов Зеланд.. За ова беше разговарано со судиите и укажано на реакциите од тренерите, по што вториот ден од шампионатот судењето се подобри, но е под европскиот и светски стандард. Како и да е, со бронзените медали Маријана и Мишела добиваат поени кои се потребни за рангирање за Олимписките игри во Токио. На вториот ден во јуниори У-21 Маријана и Мишела се сретнаа во финале, откако претходно ги победија репрезентативките од Нов Зеланд со 5-0 и 4-1. Во финалето Маријана победи со 3-2 и е континентален шампион, а Мишела вицешампион“, исткана Златко Димоски.

Тој вели дека шампионатот ќе го паметат по лошото судење, но и по жалната вест која ја примиле по завршувањето на првиот ден.

„Мојот тренер и тренер на Бети, дека Златко Богески – Ѕвер починал. Како секогаш и сега од Првенството на Океанија сакав вечерта да му ги испратам резултатите за нашите ќерки и тогаш разбрав дека починал. Една недела пред одење за Нов Зеланд се слушнавме, и, како и секогаш, ни посака успех и ми рече: „Чекам убави вести“. Секогаш за секој наш успех првин му јавував на Ѕверот кој секогаш не подржуваше и веруваше во нас и секогаш искрено се радуваше..Многу убави спомени имаме со Ѕверот како тренер, човек и пријател подржувач. Овие четири медали освоени на континенталното Првенство на Океанија 2018 му ги посветуваме нему. Не дочека повторно првин него, како и секогаш да го израдуваме …Беше вистински Ѕвер од човек. Почивај во мир Ѕверу..ти си дел од секој наш успех досега и во иднина“, рече Златко Димоски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON