АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ
Четири медали за младата џиу џицу репрезентација на „Бања Лука челинџ“

Mладата репрезентација во џиу џицу на Меѓународениот турнир „Бања Лука челинџ“ се враќа со четири медали – 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен.

Медалите ги о своија:
Катерина Ацевска – злато.
Исидора Котевска – сребро
Стефан Гериќ – сребро
Лина Ѓорѓевска – бронза.
Марио Ангеловски и Леа Ѓорѓевска се четврти.
На турнирот настапија 550 натпреварувачи од 9 држави.
„Турнирот во Бања Лука беше одлична можност за нашите млади спортисти, за стекнување со борбено искуство, судиски правила, дрескод и сите останати работи со кој се гради спортскиот дух“, велат од Македонската џиу џицу репрезентација.



