По првиот ден на Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен“ од Г1 серијата, за прв пат се одржува во Македонија со назнака Г1, македонските натпреварувачи освоија 4 медали – 1 сребро и 3 бронзи.
Дарко Ѓоргиев беше блиску да освои злато, но во финалната борба загуби од Хрватот Миро Јуркиќ. Претходно изојува победи против натправрувачи од Босна и Херцеговина и Бугарија.
Денес настапуваат сениорите и се очекуваат уште неколку медали на контото на нашите натпреварувачи, а со тоа и бодови за Олимписките игри во Париз 2024 година.
Медали Скопје опен 2023:
Стефан Димовски – бронза, кадети -37 кг А класа, Феникс кик (8)
Андреј Василевски – бронза, јуниори -51 кг А класа, репрезентација на Македонија (8)
Дарко Ѓоргиев – сребрен, јуниори -68 кг А класа, репрезентација на Македонија (10)
Јован Марковски – бронза, јуниори +78 А класа, Кобра (3)