Четири медали освоија картистите на КК Урбан инвест од Квадарци на Меѓународниот турнир „Гран при Алија Изетбеговиќ“ во Сараево – Босна и Херцеговина.
Златен медал освои кадетката Владанка Аврамова во кати поединечно, додека Петар Аврамов и Снежана Габева во кати поединечно за деца родени 2004 година се закитија со сребра, а Никита Николоски во кати поединечно 2004 година е трета.
Поради големиот број на учесници екипните натпревари во кати не се одржаа.
На турнирот учествуваа околу 2.000 натпреварувачи од 76 клубови од три земји: Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Ipon.mk/В.Д.