Четири медали за борачите на Спартак на „Венцислав Поизоев“ во Петрич

Седум борачи на Спартак учествуваа на Меѓународниот меморијален турнир „Венцислав Поизоев“ во Петрич, Бугарија, при што освоија 4 медали – 1 сребрен и 3 бронзени во конкуренција на 110 борачи.

Даријан Павлев во категорија до 57 килограми го освои сребрениот медал, додека со бронза се закитија борачите Едис Билалов во категорија до 35 кг, Андреј Соколов (-48 кг) и Филип Ангелов (-64 кг).

Христијан Стоилов (35), Илија Иванов (42) и Павел Темелков (57) имаа успешен настап и завршија на петтото место.

Натпреварувачите беа предводени од тренерите Александар Павлев и Гоце Ангелов.

Турнирот беше во организација на БК „Беласица – Петрич 2021“ и Општина Петрич во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON