Борачи на Балканец настапија на Меѓународниот турнир „Куп Неврокоп” во Гоце Делчев (Бугарија) и освоија 5 медали – 1 златен и 5 бронзени.
Златниот медал го освои Зоран Шоров во категоријата до 75 килограми.
Резултати:
2009-2010 г.
42 кг Андреј Мишев – бронза
75 кг Зоран Шоров – злато
2011-2012 г.
42 кг Лука Ананиев – бронза
2009-2011 г.
62 кг Викторија Ѓурова – бронза
2013-2014 г.
25 кг Лука Николов победа во ревијален меч
47 кг Никола Пешев – трето место
На турнирот учествуваа околу триста борачи од Македонија, Бугарија, Грција, Белгија, Романија, Молдавија, Турција и Латвија.
Екипата ја предводеше тренерот Константин Шоров.