Џудистите на Сеишин се закитија со четири бронзи на 17. Меѓународен турнир „Младоста на Европа” во Ниш, Србија.
Медалите ги освоија:
Деца
1.Ване Ацески -34 кг
2.Марио Конески -46 кг
3.Матеја Николоска -28 кг
Помлади пионери
4.Теодора Илиоска -48 кг
„Тамара Илиоска (-48 кг) прикажа одлични борби, но не успеа да избори место на пиедесталот меѓу првите три“, велат од Сеишин кој го предводеа тренерот Мартин Ристески заедно со ветеранот Киро Здравески.
На турнирот учествуваа околу 440 натпреварувачи од џудо клубови од 5 држави – Србија, Македонија, Бугарија, Грција и Русија.