Четири бронзи за Македонија на силниот кик бокс турнир „Унгарија кик бокс Светски куп“

Македонија освои четири бронзи на силниот кик бокс турнир „Унгарија кик бокс Светски куп“ во Будимпешта, Унгарија, од кои три се во сениорска конкуренција.

Бронзените медали ги освоија сениорите Стефан Михајловски (+94, кик лајт), Роберт Костовски (-67 кг, лоу кик) и Енсар Исеин (-91кг, лоу кик), како и постариот јуниор Иле Леков (-71 кг, лоу кик).

Додека Иван Кукуновски, Александар Арапов, Лана Павлов, Марија Димовска, Кристина Петковска, Марија Јанева и Јадранка Темелкова се петтопласирани.

На Светскиот куп настапија 3155 натпреварувачи од 263 клуба во светот.

Резултати
Лоу кик
-91 кг сениори
Енсар Исеин – Доминик Грзеда (Послка) 0-3 ½ финале – бронза

-67 кг
Роберт Косотовски – Лука Рукавина (Хрватска) 3-0
Роберт Косотовски – Елиаш Јанковски (Полска) 0-3

-71 кг постари јуниори
Иле Леков – Ибрахим Јбали (Израел) 0-3 ½ полуфинале

+94 кг сениори кик лајт
Стефан Михајловски – Блаж Поточник (Словенија) 0-3 ½ полуфинале

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON