На Отвореното првенство во ву шу во Нови Бечеј, Србија, викендов што помина, ву шу санда тимот на Македонија освои четири медали, по еден златен и сребрен и два бронзени.
Златниот медал го освои Марко Андонов (-45 кг) во јуниорска конкуренција, а сребрениот му припадна Пепи Велков (-70 кг) во сениорска конкуренција, додека за бронзи се изборија јуниорите Витан Витанов (+90 кг) и Алексеј Карпузовски (-35 кг).
Ipon.mk/В.Д.