Минатиот викенд во Конектикат Ченс Ренкаунтри имаше кошмарно деби за Белатор. Тој се соочи со Андреј Корешков и загуби со нокаут за 38 секунди. Корешков упати тежок удар со вртење во телото на Ренкаунтри, кој падна на подот и почна да се превртува.
Андреј го заврши со граунд и паунд. Рекаунтри моментално е во болница, каде што му биле откриени 5 скршени ребра и дупнато белодробно крило. Менаџерите на Ченс изјавија дека тој се чувствува добро и се подготвува за операција.
Со овој пораз Ренкаунтри се раздели со 2 последователни победи. Тој победи на 4 од неговите последни 7 битки во кафезот.
Вака изгледаат ребрата на Ренкантри по овој брутален удар: