Чедо Николовски – број 1 борач по освоени државни титули, пред Коце Ефремов и Дејан Митров

Чедо Николовски е најтрофеен борач во сениорска конкуренција со државни титули, сметајќи ги и оние од поранешна Југославија. Борачот на Вардар 13 пати е шампион на Југославија и Македонија.

На втората позиција се покојниот Коце Ефремов од Спартак и Дејан Митров од Балканец со по 11 титули, додека нашите најтрофејни борачи Шабан Трстена и Шабан Сејди, од Лирија и од Скопје, по 10 пати се државни прваци, а друштво и прави Трајан Ангелов од Бучим.

Понатаму на оваа листа следат Ристо Дарлев (Скопје), Љуљзим Вренези (Лирија) и Горан Атанасов (Бучим) со 9, а Бобан Данов (Балканец), Мирко Димчевски (Вардар) и Шаип Бајрами (Скопје) се со 8 титули.

Скорот може да го подобрат само Митров, Данов и Атанасов, ако се појават на утре се појават на Државното превнство за сениори и кадети во Велес.

Ова се податоци на Славчо Тодоров кој е еден од авторите на монографијата за македонското борење и кој подготвува нова книга поврзана со боречкиот спорт во нашата земја.

Овој преглед нека послужи како вовед во Државното првенство за сениори што треба да се одржи овој викенд.

Ако се направи збир на титулите по клубови на овие 12-мина борачи БК Скопје е убедливо со најмногу титули 27, пред Вардар со 21, Балканец, Лирија и Бучим со 19 и Спартак со 11.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО