Чеченски ММА борец брутално е претепан во Санк Петербург (ВИДЕО)

Руските медиуми пишуваат за напад на ММА борецот Умар Вахаев на 30 септември во Санк Петербург кој е брутално претепан, а нападот врз него се случил без посебна причина.

Напаѓачите го претепале Вахајев, а според извештајот на полицијата тој претрпел неколку фрактури и скршена вилица.

25 годишниот Чеченец кој настапува за Фајт-клубот Беркут, се обиде да ја смири ситуацијата и да избегне проблеми, меѓутоа групата која што го нападна тоа не го дозволи.

Тој се движеше наназад обидувајќи се да побегне, а еден од напаѓачите го фати за рака по што Вахаев со еден удар го падна на земја.

Видеото тука завршува, а според достапните информации, ММА борецот отишол до неговото возило од каде што зел сигнален пиштол и испукал во воздух.

Сепак, после тоа шестте напаѓачи брутално го претепале.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON