Чавез му го предаде мечот на Џејкобс во рингот почнаа да летаат шишиња и лименки (ВИДЕО)

Даниел Џејкобс (36-3, 29 КО) мораа да го штитат со ознаките за рундите додека ја прославуваше победата против Хулио Цезар Чавез Јуниор (51-4-1-1НЦ, 33 КО).

Џејкобс во првиот меч во  суперсредна категорија  по 8 ипол години во Феникс победи со прекин по 5 рунди.

33-годишниот Мексиканец тврди дека ја повредил раката, додека неговиот тренер Фреди Роуч изјави дека има проблем со носот. Во секој случај кога судијата го праша дали сака да ја продолжи борбата, одговорот беше не.

Незадоволните навивачи започнаа да фрлаат предмети во рингот, а за целата ситуација доволно зборува реакцијата на разочараниот татко, мексиканската легенда Хулио Цезар Чавез кој во истата таа сала во 2005 година ја направи последната борба во кариерата.

Чавез Јуниор и неговиот тим истрча од рингот за да избегнат дополнителниот гнев на 10.000 гледачи кои претежно дошле да го поддржат него.

Ова е втор пат да о предаде мечот. По нокаутот на средбата со Андрзеј Фонфар во 2015 година тврдеше дека го повредил коленото. На прес-конференцијата по борбата тврдеше дека Џејкобс се борел валкано користејќи удари со главата и лактите.

Инаку, неколку месеци траеше неизвесноста околу бробата, а за тоа беше виновен Чавез.

Првично требаше да се одржи во Лас Вегас, но брзо беше преместена во Феникс, откако беше објавено дека Спортската комисија на Невада (НСАЦ) го суспендира Чавез за избегнување на тестот за допинг на 24 октомври.

Мексиканецот досега веќе два пати падна на допинг-тестот, а мечот го овозможија адвокатите кои исчепкаа привремена забрана за пристап до Спортската комисија во Невада, која е државна агенција и нејзиниот извршен директор Боб Бенет.

Потоа се појави претежок на мерењето и плати третина од платата од 3 милиони долари, однонсно милион долари, за да одржи борбата.

Ова беше прва борба на Џејкобс од поразот во мечот за светската титула во средна категорија од Канело во мај и прва со новиот тренер Фаред Самад кој го замени неговиот долгогодишен тренер Андре Розиер.

„Според мое мислење, се борев со лесно-тешкаш. Дури и неговиот преден директ беше тежок. Не сакаат да ми дозволат да уживам во победа. Јас сум од Броунсвил. Никогаш не сум бегал ниту ќе бегам, но ќе ги избегнам овие лименки пиво“, рече Џејкобс по борбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON