Тренерот на Кик бокс клубот Шампион од Прилеп, Дарко Чатлески, на достоинствен начин ја искажа благодарноста по успехот на неговите пулени на „Фајтерс глори“ во Холандија, како и на поддржувачите и промоторите на неговите ученици.
Синоќа во ресторанот „Че Плетвар“ на заеничка дружба пред присутните натпреварувачите и тренерот ги пренесоа впечатоците од големиот настан во Драхтен Холандија, но се осврнаа и на идните планови.
Тренерот Дарко Чатлески благодарноста до медиумите и спонзорите ја искажа преку доделување на благодарници. Па така благодарница и беа доделени на порталите Маркукуле.мк, ИПОН.мк, ТВ Канал Визија, Телевизија Лажани, Пицерија Хепи, како и на сопственикот на ресторанот „Че Плетвар“.
Ipon.mk/В.Д.