Поранешниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Чарлс Оливеира (33-8) смета дека екс-шампионот на УФЦ во оваа категорија, Хабиб Нурмагомедов (29-0) е клучен во промовирањето на Ислам Махачев (22-1). Титулата во лесна категорија е празна и Нурмагомедов инсистира Махачев да се бори за неа.
Чарлс си заслужи шанса за неа откако го победи Џастин Гејџи во мај. Оливеира не успеа на мерењето за борбата, што резултираше со одземање на титулата. Чарлс е во серија од 11 победи. Махачев, пак, е во серија од 10 победи.
Нивната борба дефинитивно има смисла и Оливеира е подготвена за тоа, но на крајот од годината.
„Всушност, Ислам заслужува пофалба. Има долга победничка серија. Ако не се лажам има 10 последователни победи. Или нешто слично. Од друга страна, зад него е Хабиб, кој има влијание.
Сакале или не, поддршката од таква личност ви дава тежина. Според мене, Махачев треба да има уште една борба за да се бори за појасот. Но, ако УФЦ сака да се бориме, и ако Ислам го сака тоа, тогаш нема проблем.
Ако е подготвен да се бори на крајот на годината, не ни е важно каде ќе се одржи борбата“, изјави Оливеира во интервју за ЕСПН Бразил.