Чарлс Оливеира наскоро се враќа во октагонот, а негов можен противник е Бенеил Дариуш

Поранешниот шампион во лесна категорија, Чарлс Оливеира беше многу активен во последните две години. Бразилецот имаше шест борби, а има пет победи и еден пораз.

Во својот последен меч за титулата, во октомври минатата година, загуби со принуда во втората рунда од Ислам Махачев.

До Бронкс деновиве го најави своето враќање во октагонот.

„Долго бев отсутен од појасот, а денеска ме дели само еден меч од нова борба за титулата. Тие го знаат тоа во УФЦ, а и јас го знам тоа. Не сакам да си играм, сакам да испишувам историја. Се надевам на борба на крајот на март или некаде во април“, изјави Чарлс Оливеира и додаде:

„Сакам да се борам против борец кој е во победничка серија. Ислам Махачев се бори во февруари. Така, во март или април треба да победам момче што ќе ме врати во позиција за шут за титула. Тој натпревар би можел да се случи на крајот на годината“.

Како веројатен противник е Бенеил Дариуш, кој има осум победи во низа и е еден од главните кандидати за следен предизвикувач.

Александар Волкановски е следниот противник на Ислам Махачев. Австралиецот со македонско потекло влезе пред Бенеил, па на Дариуш веројатно ќе му треба уште една победа пред да добие шанса да се бори за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО