Чарлс Оливеира: Ќе ја бранам титулата против Конор Мек Грегор

Чарлс Оливеира продолжува да се залага за борба со Конор Мек Грегор.

Поранешниот шампион во лесна категорија ја загуби титулата во мај откако не успеа на мерењето. За жал, тоа се правилата на УФЦ. Чарлс го победи Џастин Гејџи, но титулата остана слободна.

Сега претендентите продолжуваат да се расправаат за шанса, а Оливеира се насочи кон Мек Грегор. А Чарлс е подготвен и за Махачов, но сака да му дадат голем хонорар.

„Ќе го бранам појасот и сакам да се борам со Конор Мек Грегор. Сепак, признавам дека УФЦ може да има други планови во овој поглед.

Но запомнете, шампионот има име. И неговото име е Чарлс Оливеира.

Ислам Махачев? Ако ја сакаат оваа борба, нека ми пратат добра сума на сметката. Што се однесува до Хабиб, тој заслужува се што ќе добие. Тој е голем борец и би било чест да се борам со него.

Сепак, кога беше шампион беше мирен и почитуван, а сега лаже. Рече дека ќе загубам од еден куп борци, но згреши. Продолжувам да победувам.

Хабиб треба да замолчи и да има малку почит, бидејќи јас сум шампион. Беше многу почитуван кога се бореше и сега кажува работи што јас не ги почитувам“, изјави Бразилецот за БТ Спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON