Чарлс Оливеира: Ќе го шокирам светот на мечот со Фергусон

УФЦ борецот во лесна категорија, Чарлс Оливеира зборуваше за следната борба против Тони Фергусон. Тој најави дека ќе го шокира светот на овој меч.

„Среќен сум што имам можност да се борам против Фергусон. Ја прифатив оваа битка помалку од 20 дена пред одржувањето, но ова е шанса да го покажам својот талент и да покажам дека сум подготвен да се борам со којбило од најдобрите 5. Дојде време. Ќе го шокирам светот на 12 декември“, рече Оливеира.

„Очекувам оваа битка да биде војна, затоа што сме добри на нозе и на партер. И двајцата сакаме да се бориме, и двајцата одиме напаѓаме. Фановите можат да бидат сигурни дека ова ќе биде војна, но и можат да бидат сигурни дека кога ќе заврши, мојата рака ќе биде подигната. Мојот момент дојде. Го почитувам Фергусон во секој поглед – тој е одличен, фантастичен човек, но сега е моето време“, додаде борецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON