Неприкосновениот шампион на УФЦ во лесна категорија, Чарлс Оливеира, верува дека Џастин Гејџи го губи своето време обидувајќи се да ја добие менталната игра пред нивната претстојна борба. Тие влегуваат во кафезот во главната борба на УФЦ 274 која ќе се одржи на 7 мај во Аризона.
Оливеира веќе еднаш ја одбрани титулата со победата над Дастин Пориер на крајот на 2021 година. Влезе во серија од 10 последователни победи и нема пораз 5 години. Чарлс го држи рекордот за победа на УФЦ. Има 15 победи со завршница и 18 со принуда.
Гејџи, пак, доаѓа по победата над Мајкл Чендлер. Џастин загуби само од Хабиб Нурмагомедов во неговите последни 6 УФЦ-борби. Нè очекува интересна битка во која Оливеира е подготвена на се.
„Џастин Гејџи зборува многу глупости. Мислам дека се обидува да го направи тоа, да победи во менталната борба. Мене тоа не ми е важно.
Научив дека имаме две уши за слушање, но треба да знам и кога да не слушам. Ако Гејџи мисли дека може да ме победи во борба со нозете, тогаш може да се обиде да ме нокаутира.
Ако мисли дека е подобар борец од мене, тогаш може да ме собори“, изјави Оливеира за бразилскиот медиум Олхар да Лута.