Во саботата се одржа Меѓународниот џиу џицу турнир „Скопје опен“ на кој најуспешен е Централниот полициски клуб од Бургас со 203 поени, а втор е Шампион од Котор со 158, додека Лозница е трета со 132. Најуспешен клуб од Македонија е Дан кју од Скопје со 81 поен, кој е на седмата позиција.
На турнирот настапија околу 300 натпреварувачи од 8 држави на 3 борилишта, односно се одржаа 104 борби, контролирани од 12 судии и ВАР-систем од Словенија.
Пласман по клубови на „Скопје опен“:
1.Централ полис – Бургас, 203 поени
2.Шампион – Котор, 158
3.Лозница, 132
4.Ронин-Смедерево, 119
5.Јахорина – Пале, 103
6.Славија – Источно Сараево, 94
7.Дан кју – Скопје, 81
8.Панда – Херцег Нови, 73
9.Морнар Бар, 72
10.Динамо – Русе, 71
11.Осенсеи-Штип, 59
12.Минотаур – Бања Лука, 58
13.Н&Ф – Алексинац, 56
14.Тим Германија, 37
15.АДК Марибор, 37
16.Хеан До – Темерин, 27
17.Соке – Скопје, 27
18.Гепард – Скопје, 21
19.ЏЏ Бугарија тим, 0