Бутелчани на нозе, одбројуваат до финалето за злато на Георгиевски (ФОТО)

Скопската општина Бутел е на нозе за својот сограѓанин Дејан Георгиевски, кој обезбеди медал на Летните Олимписки Игри со пласманот во финалето во таеквондо во категоријата до 85 килограми, па организирано ќе се гледа борбата за најсјајното одличје на македонскиот олимпиец.

Георгиевски во 14.45 часот ќе се бори за златниот медал против Русинот Владислав Ларин во обид на Македонија да ѝ го донесе првото злато од независноста. Македонскиот таеквондист после две децении пауза на Македонија ѝ обезбеди најмалку сребро, зашто досега само Могамед Ибрагимов во борење во Сиднеј во 2000 година беше единствениот медалоносец од најголемиот спортски настан на светот.

Организираното гледање на последната борба на Георгиевски и неговата битка за златото е во холот на основното училиште Климент Охридски во Бутел.

„Поздрав до целата македонска јавност. Благодарам на сите за големата поддршка. Како што реков претходно одам на златен медал. Свесен дека ова е најголемиот спортски успех во независна Македонија. Македонија е голема, одиме на злато“, рече во видео пораката Дејан Георгиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON