Бутел со историски пласман – шесто место на Европското клупско таеквондо првенство

Таеквондо клубот Бутел од Скопје го освои шестото место во рангирањето на Европското клупско првенство што изминатиов викенд се одржа во Солун, Грција, со вкупно 10 поени, односно два освоени медали – златниот на Филип Додевски и сребрениот на Дејан Георгиевски.

Досега на ниту еден наш клуб не му тргнало од рака да биде вака високо пласиран на едно клупско првенство. Со овој резултат Бутел се запишува во историјата на европското и македонското таеквонодо.

Прв на ова рангирање од 41 клуб е БСВ Фридрихсхафен од Германија со 23 поени односно 5 медали – 3 златни и 2 бронезени, па ТК Дубрава од Хрватска 14 поени 2 злата, Комета – Русија 14 (1-2-1), 3МКТД – Монпелиер од Франција 11 (1-1-1), Марјан од Хрватска 11 (1-1-1) итн.

„Ова големо клупско достигнување е силен и дополнителен мотив за понатамошна борба и остварување на нашите соништа“, велат од ТКД Бутел.

Резултати
-80 кг – 20 натпреварувачи
Костадин Георгиевски – Александар Филипов (Израел) 16-8
Костадин Георгиевски – Алескандар Радојковиќ (Австрија) 4-12

-87 кг – 20
Филип Додевски – Јосиф Дијамантидис (Грција) 26-11
Филип Додевски – Глеб Бабаевски (Русија) 6-5
Филип Додевски – Антониос Панопулос (Грција) 24-6
Филип Додевски – Јасин Трабелси (Австрија) 14-7
Финале
Филип Додевски – Драшко Јованов (Србија) 0-0 (WDR)

Марко Стевиќ – Павел Циганков (Русија) 1-5

-87 кг – 9
Дејан Горгиевски – Ѓорѓе Марчетиќ (Србија) 5-4
Дејан Горгиевски – Омар Ел Јазиди (Франција) 1-0
Финале
Дејан Горгиевски – Абдул Исуфу (Австрија) 2-7

Анамарија Георгиевска (62 кг) – Софија Цивици (Грција) 1-2
Иван Крстевски (-67 кг) – Владислав Југај (Русија) 12-14

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON