Бутел најспортска општина во Македонија со врвни спортски остварувања

Вчера тројца бутелчани, три олимписки величини, добија највисоки државни признанија.

Дејан Георгиевски и Шабан Трстена, како носители на олимписки сребрен и златен медал, од претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, беа одликувани со највисокиот државен Орден „8 Септември”.

Дејан Георгиевски со Указот од страна на претседателот доби официјална потврда на фактот дека олимпиското сребро е најголемиот спортски резултат во независна Македонија.

Чедо Николовски, како олимпиец, ја доби наградата „8 Септември” за животно дело.

Општина Бутел е со најмногу врвни спортисти и светски достигнувања во Македонија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON