Бурна расправа на УО на Боксерската федерација како да се трошат парите (ФОТО)

Денеска во Скопје се одржа седница на Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) на која се расправаше за повеќе теми, а најбурни дискусии предизвика точката за трошењето на добиените пари од Агенцијата за млади и спорт во висина од 320 илјади евра.

Во однос на ова имало спротивставени гледишта во однос на тоа до кога треба да се потрошат добиените пари од АСМ по основ на програма. Еден став бил дека тие мора да реализираат до крајот на годината, а друг дека тоа се наменски средства и дека треба да се трошат четири години. Поради овие нејаснотии се повикани директорот на АМС, Марјан Спасески и Томе Андонов, за да објаснат како треба да се трошат средствата. Тие истакнале дека добиените средства мора строго намеснки да се искористат во период од четири години.

Веднаш по ова на социјалната мрежа Фејсбук се појавија ставови дека некој се обидувал да направи криминал.

Потпртеседателот и втор потписник на сметката на БФМ, Благој Донев, вели: „Реков дека парите мора да се троша строго наменски и домаќински, во спротивно, ако се одлучиме да се потрошат парите до нова година, ќе си дадам оставка“.

Сепак, по објаснувањето од претставниците на АМС сите се согласиле дека парите треба да се реалзираат согласно програмата во период од четири години. Притоа е нагласено дека мора да се избере консултантска куќа и да се распише тендер за набавка на опрема која рамномерно ќе биде распределна.

Договорено е секогаш кога ќе се појават нејаснотии да се конслутираат со АМС, од нивна страна е истакната подговетност да и помогнат на БФМ во секое време.

Одлучено е Државното првенство за сите категории да се одржи во Радовиш на 1 и 2 јули. Сите учесници на првенството ќе добијат соодвтена опрема и превоз до местото на одржување.

Донсена е одлука од сега па натаму сите боксери што ќе учествуваат на државните првенства да бидат осигурани во некоја осигурителна куќа. Во август ќе се одржи камп со сите подобри млади боксери, а потоа ќе одржат и други кампови. Подоготовки на репрезентацијата за Златниот гонг, но и за меѓународни првенства. Избор на репрезентација. Формирање на тренерската и лекарската комисија и организирање на семинари за тренерскиот кадар. Од друга страна, ќе се даде акцент на работата со младите боксери за да се подготват и за четири години да носат успеси.

Пристигнување на новите средства ќе зависи од Владата, односно како ќе го скрои ребалансот на буџетот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON