Бројот на облози за победа на Конор Мек Грегор, за разлика од оние за Флојд Мејведер, е толку голем што почна да ги загрижува букмејкерите. Иако точните бројки тешко може да се наведат, BloodyElbow објави дека речиси 95 проценти од облозите се направени за победа на Ирецот.
„До денес во МГМ Рејс и спортс се направени 277 облози за победа на Флојд Мејведер и над 6.000 за победа на Конор Мек Грегор“, се вели во публикацијата.
As of today, there have been 277 bets on Floyd Mayweather @MGMRaceSports. There have been over 6,000 bets on Conor McGregor.
— David Payne Purdum (@DavidPurdum) August 21, 2017
Ова е загрижувачко за букмејкерите, иако Мек Грегор има многу мали шанси да победи, ако може успее да го шокира светот, тоа ќе им донесе огромни загуби.
„На крајот сакаме да бидеме во позиција во која ќе се направи значителен износ на пари, ако Мејведер победи, но не сакаме да бидеме уништени ако слави Мек Грегор. Не сакаме оваа битка да ни ги собере приходите за цела година“, изјави Џон Мареј, кој е менаџер на букмејкерската куќа Лас Вегас вестгејт супербук.
Тоа е сосема можно, се разбира, но претпоставуваме дека многу пари ќе дојдат на страна на Мејведер на ден пред борбата, така што ќе го намали ризикот на букмејкерите.