Бугарската федерација за бокс(БФБ) ќе биде домаќин на олимписките квалификации за професионални боксери за игрите во Рио де Женеиро 2016 година, соопшти претседателот на БФБ, Красимир Инински.
Ова одлучено за време на Конгресот на Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) на јужнокорејскиот остров Чеџу .
Заедничкиот турнир за учесници во АПБ и ВСБ (APB и WSB) сериите ќе се одржи во почетокот на 2016 година, најверојатно во Софија. На него ќе бидат поделени последните од вкупно 26 квоти за профи боксерите во Рио.
„Тоа е уште едно признание од страна на АИБА за добрата работа на БФБ во последните години и доказ за нашата доследност во развојот на боксот. Покажавме дека мислиме во перспектива и брзо ги применуваме новините кои АИБА ги воведува во професионалниот бокс“, коментираше Инински.