Бучим во сабота одбележува 30 години од освојувањето на европската титула со „Трофеј шампиони боречки легенди“

Оваа година Боречкиот клуб „Бучим“ од Радовиш одбележува јубилеј 30 години од освојувањето на Европската титула во 1995 година. По тој повод Меморијалниот турнир „Трофеј шампиони боречки легенди“, кој во сабота (22 ноември) ќе се одржи по шестти пат, ќе биде во знакот на 30-годишниот јубилеј.
Ќе настапат борачи од Македонија, Србија, Косово, Бугарија, Украина и Молдавија.
Турнирот почнува во 11 часот, а финалните борби се во 13:30 часот.

„Далечната 1995 година БК Бучим -Јака предводена од проф. д-р Ванчо Чифлиганец, со заслуга на борачите и тренерите, го освои првото место на Европското екипно првенство во борење. Нашиот клуб се искачи на пиедесталот и напиша историја во македонското борење и македонскиот спорт“, пишува во објавата на Бучим Радовиш.



