Бучеча излегува на двобој со чудовиштето Рог Рог во ОНЕ

Легендарниот Бразилец Маркус Алмеида, попознат како ‘Бучеча’, ќе се најде пред голем испит кога ќе се врати. Тој ќе ги одмери силите со опасниот ривал Умар Кејн, познат како „Рог Рог“.

Тие ќе се борат во тешка категорија на ОНЕ: Рилодид, кој ќе се одржи на 22 април.

Алмеида е еден од најдобрите во во историјата на бразилското џиу џицу. Бучеча беше многу импресивен откако ја направи транзицијата од граплинг во ММА. Успеа да забележи 2 последователни победи со завршница во ОНЕ.

Алмеида ги победи Андерсон Силва и Канг Џи во 2021 година во првата рунда. Во граплинг, Бучеча има скор од 128-13-1.

Умар Кејн е легенда во сенегалското борење и е познат по прекарот „Рог Рог“. Пред една година тој го загуби статусот на непоразен во ММА. Кејн се соочи со Кирил Гришенко и загуби со технички нокаут. Овој пораз ја прекина серијата од 3 последователни нокаут победи.

Умар дебитираше во ММА на крајот на 2019 година. Успеа да ги нокаутира Букичу, Нгалани и Шмид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО