Бу Бу го притиска ДАЗН за меч со Головкин

Светскиот шампион во средна категорија ИБФ, Деметриус Андраде го става ДАЗН под притисок за борба со Генади Головкин.

Двајцата борци имаат договори со платформата, но „ГГГ“ ја разгледува можноста за меч со Риота Мурата во Јапонија на 31 декември. Бу Бу смета дека е потребно да се бори со ветеранот, бидејќи оваа битка би имала огромен рејтинг, имено ваквите средби ги ветува неговиот договор со стриминг платформата.

„Се разбира, Головкин не сака да се бори со мене. ДАЗН, нема да го натераш да прифати обединување?“, праша Андраде.

„Том Лофлер (промотор), немаш ли доволно доверба во твојот човек? Ако сакате да продолжите да работите со промоцијата, ќе мора да одговорите директно на мојот предизвик. Каде се вашите мадиња“?

Последен пат Бу Бу се бореше во април, кога направи задолжителна одбрана против Лијам Вилијамс и сега е слободен да преговара со предизвикувач. Американецот смета дека е потребно обединување на појасите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON