Леон Едвардс (18-3, 10-2 УФЦ) во Тексас дојде до најголемата победа во кариерата.
27-годишниот англиски борец во главната борба на УФЦ во Сан Антонио со едногласна одлука го порази поранешниот шампион (50-45, 49-46, 49-46) во лесна категорија Рафаел дош Ањош (29-12, 18-10 УФЦ ).
На Едвардс ова му е седма по ред победа по поразот од актуелниот шампион Камару Усман во 2015 година. Од друга страна, 34-годишниот Бразилец загуби три од последните четири натпревари.
https://www.youtube.com/watch?v=1UobZoBkBRM
Волт Харис (13-7-1НЦ, 6-6 УФЦ) само за 12 секунди го нокаутира неговиот поранешен тренер, Алексија Олејник (57-13-1, 6-4 УФЦ).
36-годишниот Харис го здрма Олејник со летечко колено, потоа го рушеше со лев директ, по што мечот беше прекинат.
На 42-годишниот Русин ова му е втор последователен пораз. Во април беше нокаутиран од уште еден поранешен тренинг-партнер Алистер Оверим.
На Харис ова му е четврти меч без пораз. Тој има три победи, а четвртата против Андреј Арловски му е одземена поради пат на допинг-тестот.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=JpMFHhn_oxM
Поранешната ѕвезда на американскиот фудбал Грег Харди (5-1, 2-1 УФЦ) за 45 секунди го нокаутира сонародникот Хуан Адамс (5-2, 1-2 УФЦ).
Адамс тргна сингл ножно уривање, а Харди заврши на него. Почна да го удира, а судијата ја прекина борбата, бидејќи Адамс не се бранеше.
https://www.youtube.com/watch?v=KhvRBf0FIt8
УФЦ на ЕСПН 4:
Леон Едвардс – Рафаел дош Ањош (едногласна одлука на судиите, 50:45, 49-46, 49-46)
Волт Харис – Алексеј Олејник (KO, Р1)
Грег Харди – Хуан Адамс (TKO, Р1)
Ден Хукер – Џејмс Вик (KO, Р1)
Александар Ернандез – Франциско Триналдо (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 29-28)
Андреј Арловски – Бен Ротвел (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Алекс Касерес – Стивен Петерсон (едногласна одлука на судиите, 30-27, 29-28 x2)