Лоренс Околи ја направи првата успешна одбрана на шампионски појас на Светската боксерска организација (ВБО) во полутешка категорија, откако го нокаутираше Дилан Прашовиќ на почетокот на третата рунда. Ова се случи во главниот меч за загревање на гала вечерта на стадионот на Тотенхем, чиј шпиц е долгоочекуваната битка на Ентони Џошуа со Александар Усик.
Околи дури и му понуди пари на Прашовиќ за да ја пропушти задолжителната одбрана против него и да се обиде да ги обедини појасите во категоријата, која се испразни пред околу 2-3 години, кога Усик одлучи да се обиде во тешка категорија.
Во втората рунда Околи го прати противникот во нокадаун со десен директ на лево од главата, а на почетокот на третата му нанесе дополнителна штета со комбинации, потоа го целеше црниот дроб со десно кроше. Црногорецот не се исправи по пребројувањето до 10 и натпреварот заврши релативно рано.
Lawrence Okolie finishes Prasovic with a vicious body shot 😮#OkoliePrasovic pic.twitter.com/J8cWT98Y64
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) September 25, 2021
Околи веќе има 17 победи од 17 меча во профи рингот и го запиша својот 14 -ти нокаут, но сепак е дискутабилно дали може да се бори со други големи боксери во полутешка категорија, како што е Маирис Бреидис.
Британецот Калум Смит го победи Ленин Кастиљоо од Доминиканската Република со нокаут во втората рунда“.
Oh my god, Callum Smith just knocked Lenin Castillo into another dimension #boxing pic.twitter.com/kljFUVulPY
— Will (@ChillemDafoe) September 25, 2021
Британскиот боксер Кембел Хетон беше подобар од Уругваецот Сони Мартинез, а Албанецот Флоријан Марку го совлада Украинецот Максим Продан. Американецот Кристофер Оуслибио беше поуспешен од Русинот Хасан Бајсангуров.