Полицискиот боречки клуб Безбедност имаше мошне успешен и афирмативен настап на 4-от Меѓународен турнир во женско борење одржан во Катунци (20 август), Бугарија, освојувајќи два бронзени медали.
Во конкуренција за пионерки, Бојана Лазаревска и Олгица Коцева ги овоија третите место.
Нашите девојки ги предводеше тренерот д-р Страшо Глигоров. На турнирот настапија борачки од клубови од Бугарија, Косово, Грција и Македонија.
Покрај тоа, Бојана Лазаревска учествуваше и во натпреварите во – народни борби во женско борење, каде го освои третото место и освои парична награда. Ова е прв пат Македонија да учествува во народни борби во женско борење.
Инаку, женското борење како олимписки спорт е во голем подем во светот.
Ipon.mk/В.Д.